„Да, јас – Јуда, најдобар сум во историјата на Челси


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече дена и понатака е најдобар тренер на фудбалскиот клуб Челси, после што навивачите на лондонскиот клуб го навредуваа во текот на натпреварот во ФА Купот.

Челси синоќа на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, а навивачите на лондонскиот клуб го навредуваа Мурињо и во неколку наврати го нарекуваа Јуда. Мурињо два пати е отпуштен во Челси, но е најуспешниот тренер во историјата на клубот со три шампионски титули.

Мурињо на навредите на навивачите со прст го покажа бројот три, укажувајќи на бројот титулите кои ги освои со Челси.

„Се до моментот кога еден нивен тренер ќе освои четири шампионски титули, јас ќе бидам најдобар тренер на Челси. Дотогаш, Јуда е број еден“, рече Мурињо, а пренесуваат британските медиуми.

Единствениот гол на Стенфорд Бриџ синоќа го постигна Н`Голо Канте во 51 минута.

„Можат да ме викаат како што сакаат. Јас сум професионалец, го бранам својот клуб. Навистина сум горд на моите играчи и горд сум на навивачите на Манчестер Јунајтед“, додаде 54-годишниот Мурињо.

Мурињо не сакаше да го коментира судењето на Мајкл Оливер, кој во 35 минута го исклучи фудбалерот на Јунајтед Андер Ерера.

„Не сакам да одам во тој правец. Во четири натпревари Оливер досуди три пенали и покажа еден црвен картон, тоа не можам да го променам,. Се ракувавме и му честитав. Господинот Оливер дома може да анализира, поради тоа што јас нема да ја анализирам неговата работа“, наведе Мурињо.

Челси го исфрли бранителот на титулата во ФА Куп, а во полуфуналето ќе игра против Тотенхем, додерка во второто полуфинале ќе играат Арсенал и Манчестер Сити.

Двете полуфиналина ќе бидат одиграни на лондонски Вембли на 22 и 23 април.