Двајца фудбалери се вратија во Манчестер Јунајтед


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Талентираниот голман, Жоел Кастро Переира се врати во Манчестер Јунајтед откако беше прекината неговата позајмица во португалскиот клуб, Виториа Сетубал.

Голманот за кого се предвидува солидна кариера одигра само девет натпревари во првиот дел од сезоната во дресот на Виториа, а се вратил во Манчестер по инсистирање на Оле Гунар Солскјер кој веднаш ќе го прати на заем во англиски клуб.

Наводно, Рединг ќе биде следна дестинација за 22 годишниот голман кој има и неколку настапи за првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Освен Переира, во клубот од позајмица порано од предвиденото се врати Мати Вилок кој досега играше во Сент Мирен во Шкотска.