Два Бундеслигашки клуба го следат Барди


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младинскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди е интересна опција за многу клубови на Стариот континент.

Многу е веројатно дека моторот на у21 репрезентацијата на Македонија ова лето ќе ја менува средината откако на негова адреса стигнуваат многубројни понуди.

За нашиот интернационалец од поодамна постои интерес од Динамо Загреб и Шахтјор, а нови тимови во редот за потпис на Барди се германските гиганти Борусија Дортмунд и Штутгарт.

„Постои интерес од германски клубови, но засега ништо конкретно не се очекува додека трае Европското првенство за млади играчи. Претставници Борусија Дортмунд и Штутгарт го следеа Барди на неколку натпревари за Ујпешт.“- коментираше агентот на Барди, Меритон Бериша.

Барди оваа сезона за Ујпешт на 33 одиграни натпревари постигна 13 голови и запиша седум асистенции.