Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младинските репрезентативци на Македонија, Енис Барди и Елиф Елмас денес се пред одлични трансфери.
Поискусниот Барди веќе ги мина медицинските прегледи со екипата на Леванте и се очекува во текот на денешниот ден и официјално да стави потпис на договорот со клубот од Валенсија.
Елиф Елмас пак доцна синоќа пристигна во Истанбул каде беше пречекан од новинарите на една турска спортска телевизија. Во куса изјава за медиумот, сега веќе екс фудбалерот на Работнички истакна дека е возбуден што ќе го носи дресот на Фенербахче.
Младиот фудбалер денес треба да ги мине медицинските прегледи пред и официјално да потпише со Фенербахче.