Два фудбалери од Франција стигнуваат во Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


лваМедиумите пренесуваат дека Јунајтед веќе подготвил 80 милиони фунти за донесување на 2 одлични фудбалери.

Според медиумите, Мурињо сака да ја зголеми креативноста и цврстината во тимот, па ќе се обиде да ги донесе Силва и Матуиди.

За заминувањето на Матуиди од ПСЖ со години се шпекулира, а неговиот агент Раиола тврди дека одличниот фудбалер е најбаран фудбалер во светот, но изгледа дека не му се заминува од Париз.

Ќе видиме како ќе размислуваат ПСЖ ако останат без титулата во Франција.

Монако е поблиску до трофејот, на 4 кола до крајот имаат 3 бодови повеќе од нив, а вечерва ПСЖ има тежок натпревар против Ница.

Силва со одличните игри во ЛШ привлече големо внимание од голем број гиганти.

80 милиони фунти звучи малку за овие 2 фудбалери, но ако се земе во предвид какви суми се вртат на пазарот во последно време, тогаш ова е само проверување на теренот.