Двете лица на Меси: Зошто игра подобро за Барселона, отколку за Аргентина?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Враќањето на Лионел Меси во Аргентина не помина како што се очекуваше, зашто „гаучосите“ загубија со 1-3 од Венецуела во пријателски меч.

Меси по неуспешното Светско првенство најави крај на репрезентативната кариера, но повторно реши да им помогне на колегите од националниот тим.

Продолжуваат теориите дека Меси подобро настапува во Барселона, отколку во Аргентина. Поранешниот аргентински репрезентативец Даниел Пасарела се обиде тоа да го објасни.

„Тој е голем фудбалер, кој може да му помогне на секој тим. Но, кога игра за Барселона има различен став и затоа е подобар таму. Понекогаш такви работи се случуваат. Добро играте за репрезентацијата и ве сакаат, но не се чувствувате опуштено. Не знам што е тоа, но би требало да биде некое посебно чувство“, вели Меси.

Меси постигна 39 голови во 36 натпревари за Барселона, со која сака да ја освои тројната круна сезонава.

Во дресот на Аргентина одигра 129 натпревари од 2005 година, а притоа постигна 65 погодоци.