До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Двајца фудбалери на шампионот на Италија ќе мораат на долга пауза поради повреда.
Макс Алегри во наредните шест недели нема да може да смета на Даниеле Ругани и Квадво Асамоа.
Асамоа ја пукна рскавицата менискусот, додека Ругани ги истегна лигаментите на коленото.
Според првите проценци двајцата ќе ги чека пауза од минимум 45 дена.
Донекаде олеснувачка вест за тренерот на Старата дама е тоа што ниту еден од тие двајцата не е стандарден првотинец, но проблем е што е скратена ротацијата, која е исклучително важна кога се игра на повеќе фронтови.















