Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во анкетата која ја направи шпанскиот медиум „Ас“, 70% од 125.000 читатели и навивачи на Реал, сметаат дека клубот треба да се ослободи од Кристијано Роналдо.
Португалецот е лут на управата, затоа што не му понудиле нов договор, а на соиграчите им рекол дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор му важи до 2021 година, но тој смета дека заслужува поголема плата.
Барселона има 19 бодови предност во лигата, а во ЛШ ги очекува ПСЖ, па Роналдо на 24 натпревари оваа сезона постигна „само“ 16 голови во сите натпреварувања.
Роналдо откако настапува за Реал имаше 418 одиграни натпревари, 422 погодоци и 127 асистенции.