Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа висок пораз во салата Јасмин во Кавадарци од Велика Британија со 60:89 во групната фаза за пласман на Евробаскетот.
На почетокот македонските кошаркари го имаа само водството, 5:0. До крајот на првата четвртина следуваше пресврт на гостите од Велика Британија и водство од 14:21. Втората четвртина донесе повторно доминација на кошаркарите на Велика Британија и на полувреме заминаа со водство од 14 коша, 30:44. Доминацијата на гостите продолжи и во третата четвртина, во еден момент имаа и 17 поени предност, но во последните 10 минути влегоја со 14 поени предност, 53:67. Во последите 10 минути од натпреварот кошаркарите на Велика Британија стигнаа до најголемото водство на натпреварот, 29 поени со кое и го завршија натпреварот, 60:89. Македонските кошаркари во последната четвртина постигнаа само 7 поени.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Николовски со 17 поени. Војан Стојановски исто така беше двоцифрен, но постигна 15 поени. Кларк со 21 поен ја предводеше репрезентациата на Велика Британија до победа. Лоренс додаде 14, Оласени 13 и Гордон 12 и овие тројца беа останатите двоцифрени кај гостите.