Делуфеу се враќа во Премиер лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Вотфорд е сериозно заинтересиран за услугите на Џерард Делуфеу од Барселона.

23 годишниот фудбалер се врати меѓу „Каталонците“ од Евертон минатото лето, но досега има само пет настапи од првата минута за Барселона. Затоа младиот офанзивец постојано е поврзуван со трансфер, а најмногу се споменуваше дека ќе го засили тимот на Наполи.

Сепак, „РАК1“ (Радио Каталонија) јавува дек тој може да се врати во Премиер лигата бидејќи за него интерес искажал Чави Гарсија. Новиот тренер на Вотфорд сака да потпише со својот сонародник бидејќи сметал дека заедно со Рикарлисон би биле идеални за офанзивниот дел на тимот во вториот дел од сезоната.