Дел Потро по пауза од два месеци се врати на тениските терени


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро се врати на тренинзи по два месеци пауза, откако доживеа повреда на коленото.

Дел Потро имаше добра сезона, откако ја освои титулата во Индијан Велс и играше финале на Ју-Ес Опен.

Сепак, го пропушти финишот поради повреда на десното колено, која ја заработи на Мастерсот во Шангај.

„Сакам да ве известам дека веќе играм тенис, два месеци по повредата. Одиме полека, но можам да се движам. На теренот сум и тоа е најважно“, вели Дел Потро.

Инаку, Аргентинецот ја заврши годината на петтото место на АТП-листата.