Демба Ба се врати во Европа!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот Сенегалец  по три ипол успешни години во германски Хофенхајм го засили Вест Хем во 2011 година, а потоа се пресели во Њукасл.

Таму остави и најдлабока трага во Премиер лигата, играше потоа и за Челси, иако не беше прв избор во нападот, успеа да постигне неколку важни голови за „сините“ во таа сезона.

Во 2014 година се пресели во Турција во Бешикташ, а по една година замина во Кина, во редовите на Шангај Шенхуа.

Сега се враќа во Турција, во дресот на Гезтеп, каде што ќе игра до крајот на сезоната.