Денес се очекува расплетот- Вида потпишува за европски гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште само два дена останаа до крајот на преодниот рок во Англија, а Домагој Вида се уште нема направено трансфер во Премиер лигата.

По крајот на Мундијалот во Русија се шпекулираше дека Хрватот ќе заврши во Англија, а како најзагреан тим за него беше Арсенал.

Турскиот весник „Сабах“ пишува дека денес во Лондон се очекува претседателот на Бешикташ кој лично требало да преговара со челниците на Арсенал за трансферот на Вида. Наводно веќе била завршена првата рунда преговори, но се уште немало никаков договор.

Англичаните наводно нуделе пари плус еден играч, а турскиот клуб барал 20 милиони евра плус бонуси. Се очекува двата клуба да дојдат до конечен договор во наредните два дена.