Денеска се решава за иднината на Милан: Ќе добијат ли нови сопственици или ќе ја продолжат „агонијата“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последен ден за Милан, вечерва е рокот до кога сопственикот Јонгхонг Ли треба да плати 32 милиони евра на инвестицискиот фонд Елиот или ќе го загуби сопствеништвото врз Милан.

Американците се надеваат на таков расплет, вложија околу 300 милиони, а ако Милан премине во нивно сопствеништво, ќе може да заработат помеѓу 100 и 200 милиони.

Ли го „уништи“ договорот со Американецот Роко Комисо, а причина е тоа што сака да извлече пари од целата приказна.

Најверојатно Ли се обидува во моментов да обезбеди пари и да го продолжи „распадот“ на Милан, односно да добие малку повеќе време.

Ли наводно преговара со друг, мистериозен инвеститор со кој би можел да ги врати вложените пари и да добие 30% од акциите.

Инаку, ако до октомври не го врати долгот од 303 милиони евра, позајмени под камата од 10% минатото лето, тој секако ќе го загуби Милан. Но, дотогаш има неколку месеци да го продаде клубот под свои услови.

Проблем е изгубената сезона, односно преодниот рок. Милан може да ангажира просечни играчи или слободни агенти, а исфрлен е од Европа.

Следува одлуката на судот во Лозана, но очигледно „росонерите“ немаат многу надеж дека нешто ќе се смени.