Денес ќе биде „Роналдо“, а кај себе има понуда вредна 60 милиони…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Даглас Коста денес ќе биде во центарот на вниманието во Бергамо.

Имено, Бразилецот кој моментално не е стартер во Јувентус ќе игра од стартот. Конкуренцијата е жестока, некогашниот играч на Баерн добива шанса во финишот, но денес стартува бидејќи Алегри ќе го одмора Роналдо.

Во меѓувреме за него пристигна конкретна понуда и тоа од бившиот тренер. Италијанските медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола понудил 60 милиони евра за Бразилецот кого Јувентус на Геррманците го плати 50 и дека „Бјанконерите“ таа сума би можеле да ја искористат во купување на Де Лихт кого го донесе Раиола и кој практично договори трансфер, но проблемот се барањата на Ајакс.

Коста, сепак нема да биде продаден во зимскиот преоден рок, Јувентус не сакаше ниту да разговара за евентуална размена за Сане, сметаат дека искуството на бразилскиот репрезентативец значи многу и дури на лето можеби ќе разговара со Сити.

Останува да видиме дали ќе успее на тешкото гостување денес да го замени Роналдо, имаше проблем со повредите пред и после Мундијалот, тешко влегува во форма, но Алегри не сака да се откаже…