Денис Истомин – Мамо направив сензација на АО!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Истомин направи сензација во 2-то коло на Австралијан Опен. Тој со 3:2 по сетови го победи бранителот на титулата.

Најверојатно никој во светот не веруваше дека ќе успее тоа да го направи 117-от играч во светот.

Емоциите по големата победа беа очигледни и 30-годишниот тенисер немаше многу што да зборува.

„Се извинувам на Новак. Му благодарам на тимот, мамо успеав. Толку емоции во мојата глава, не можам да дојдам до вистинските зборови.“

„Мислам дека одиграв многу над просекот. Оваа победа ми значи многу, конечно можев да почуствувам вакво нешто.“

Тој во наредното коло ќе игра против Буста и тоа ќе му биде шанса да дојде до уште една победа на АО.