„Дени Роуз е најтежок противник во Премиер лига“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Педро смета дека дефанзивецот на Тотенхем, Дени Роуз е најтежок противник против кој има играно во ПЛ.

Поранешниот играч на Барселона конечно се врати во форма откако во 2015-та година стигна во Челси. Него многу му помогна Антонио Конте кој оваа сезона ја смени формацијата и сега игра со 3-4-3.

Тој даде коментар и за низата на Челси од 12 победи по ред во ПЛ.

„Тоа не е ново за мене, но многу е тешко во оваа лига. Многу е поинакво. Во Барселона, нормално е да победувате голем дел од тимовите и некогаш тоа е многу лесно. Но ПЛ е многу конкурентна и не е лесно.“

„Многу е поинаку во Шпанија. Барселона има многу шанси да победи, а тоа во Англија е многу потешко, бидејќи противниците се тешки.“

Да потсетиме, Педро во првиот тим на Барселона помина 7 години, а за Шпанија одигра 60 натпревари и постигна 17 голови.

Оваа сезона постигна 4 голови во 16 натпревари во ПЛ.