Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мајк Д`Ентони, тренерот на Хјустон рокетс, застана во заштита на Џејмс Харден, кој имаше уште еден фантастичен настап и тоа против Голден Стејт Вориорс.
Актуелниот МВП на лигата постигна тројка за триумф против актуелниот шампион со 135-134, а притоа постигна 44 поени, 10 скокови и 15 асистенции.
Поради лошиот старт Харден долго време не го поврзуваа со трката за МВП, но во последно време заигра фантастично, па фер е да се спомене и неговото име.
„Можеби сега луѓето ќе размислат за МВП трката. Не знам, но можеби некои луѓе го гледаа вечерашниот меч и видоа што направи Харден“, вели Д`Ентони.
Инаку, Харден во просек сезонава постигнува 33,3 поени, 8,4 поени и 5,8 асистенции.