Ден на Македонците: Голови и за Трајковски, Несторовски и Јаховиќ(ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес како никогаш досега македонските интернационалци се голгетерски расположени.

Најпрво одлична партија во дресот на Лидс зачинета со гол имаше Езгјан Алиоски. Веднаш по натпреварот, популарниот Џани втор пат по ред ја доби и наградата играч на натпреварот.

Нешто подоцна својот деби гол за новиот клуб на маестрален начин го постигна и Енис Барди. Барди од околу 30тина метри биеше прецизно и ја затресе мрежата на Депортиво Ла Куруња.

Стрелец на гол беше и членот на Славен Белупо, Мирко Ивановски кој ја затресе мрежата на новиот прволигаш во Хрватска, Рудеш.

Александар Трајковски и Илија Несторовски беа креатори на победата на Палермо над Специја од 2:0. Трајковски уште во десеттата минута од натпреварот го отвори резултатот откако откосо го совлада гостинскиот голман. Капитенот на Палермо, Несторовски го постави конечниот резултат во 53 минута кога од десетина метри ја затресе мрежата на Специја.

Последен од „друштвото стрелци“ беше Адис Јаховиќ. Повремениот македонски репрезентативец го постигна својот прв гол во најсилната турска лига против тимот на Трабзонспор. Јаховиќ донесе голема радост за Гезтепе во 67 минута кога налета на една одбиена топка и го постави конечниот резултат (3:2).