Депај повторно прави проблеми – заминува во јануари?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и ѕвезда на Лион, Мемфис Депај, не е задоволен со постојаната ротација на својот тренер.

На синоќешното гостување во Анже, Депај го почна дуелот од клупата, а тоа се случува четврти пат сезонава.

„Ми се здосади ситуацијата. Минатата година имав одлична сезона. Имам 24 години и сакам да продолжам да се развивам. Ова е четврти пат да го почнувам дуелот од клупата, заслужувам подобро“, кажа Депај.

Холанѓанецот влезе во игра во 55. минута и го постигна вториот гол за својот тим во победата од 2-1.

Многу клубови се заинтересирани за неговите услуги, а најсериозни кандидати се Интер и Милан.