Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дресот со број 10 во минатото го носеле многу големи имиња и легенди на Јувентус. Од денес тој број ќе има нов сопственик и ќе го носи еден од најталентираните играчи во светот, Пауло Дибала.
Омар Сивори, Мишел Платини, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пиеро со голем успех го носеа дресот со број 10, а навивачите на Јувентус истото го очекуваат и од Аргентинецот. Карлос Тевез и Пол Погба исто така оставија трага кај Јуве носејќи го дресот со тој број.
Последен во Јувентус овој број го носеше Пол Погба пред да го направи тогаш рекордниот трансфер во Манчестер Јунајтед.