Десниот бек не сака да замине во јануари: Видал одлучи кога ќе ја напушти Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Алеиш Видал во Барселона стигна пред почетокот на сезоната како големо засилување, но не успеа да се прилагоди кај Енрике.

Видал во Барселона стигна од Севиља, но од своето доаѓање само седеше на клупата.

Овој фудбалер во последно време почна да игра почесто, но свесен е дека тешко ќе биде да остане во Барселона.

Веќе долго време се шпекулира дека овој десен бек ќе го напушти тимот, а за Видал понуди стигнаа од Марсеј, Интер, Милан, Свонси и Саутемптон.

Меѓутоа, тој нема намера да ја напушти Барселона.

„Сакам да останам во Барселона барем до лето. Немам намера сега да ја менувам средината, ако тоа морам да го направам, ќе го направам на крајот на оваа сезона.“