Дефо го откри својот нов клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефо ќе замине да игра во Борнмут.

Искусниот англиски напаѓач одлучи да го напушти Сандерленд откако испаднаа од лигата, а нова страница во неговата кариера ќе биде Борнмут со кој веќе имаше лекарски прегледи.

Дефо во 2000/01 беше на позајмица во Борнмут, па така му е позната средината во која што доаѓа.

„Очигледно дека вест излезе во јавноста, многумина знаат. Ги извршив лекарските прегледи и кога тоа беше направено јас кажав дека по одморот ќе заминам во клубот.“

Според медиумите, Дефо во Борнмут ќе потпише 3-годишен договор, според кој ќе заработува 65.000 фунти неделно.