Дефо заминува од Борнмут во јануари, но веројатно ќе остане во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скај Спортс пренесе дека искусниот напаѓач од редовите на Борнмут, Џермејн Дефо речиси сигурно ќе си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.

Поранешниот репрезентативен напаѓач на Англија не добива многу прилики од Еди Хау, па токму затоа ќе ја смени средината во желба за повеќе првотимски фудбал пред и официјално да стави крај на богатата кариера.

Медиумите во Англија пренесуваат дека за него има интерес од Кристал Палас, па доколку „Орлите“ не успеат во намерата да го донесат Доминик Соланке од Ливерпул ќе се насочат кој Дефо.

Друга опција за Дефо се клубовите од Чемпионшип лигата од каде постои сериозен интерес. Наводно Лидс каде настапува нашиот Алиоски е силно загреан за Дефо, а интерес за него има и од Астон Вила која веројатно ќе остане без Тами Абрахам.

„Скај Спортс“ пак пишува дека Дефо би можел да заврши и во редовите на Ренџерс каде предводник е прославениот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард.