Дефо заминува од Борнмут но останува во Премиер лигата


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Искусниот англиски напаѓач, Џермејн Дефо би можел да си замине од Борнмут во текот на зимскиот преоден рок откако Кристал Палас покажал интерес за искусниот фудбалер.

Дефо има договор со Борнмут до 2020 година, но оваа година воопшто не е стандарден затоа што Калум Вилсон игра феноменално и е прв напаѓач на клубот.

Наводно, Рој Хоџсон го посакува играчот како краткорочно решение за напаѓачката позиција и ќе се обиде во јануари да го донесе како позајмен фудбалер.