Де Брајн незадоволен од селекторот Мартинез


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во Премиер лигата оваа сезона е незадоволен од настапот на неговата репрезентација во пријателскиот натпревар против Мексико кој заврши без победник (3:3).

Кевин Де Брујн сака со Белгија да оствари добар резултат на Светското првенство, а верува дека до такво нешто може да дојде доколку се поправат некои тактички замисли кои во моментов ги има Роберто Мартинез.

„Додека немаме добар тактички систем ќе имаме проблем против репрезентациите каква што е на пример Мексико која беше тактички подобра од нас. Вистинска штета е што не најдовме решение за тоа. Играме во систем кој е премногу дефанзивен и во кој имаме премногу офанзивни играчи кои ја сакаат топката. Тогаш се наоѓаме во проблем како против Мексико во петокот. Имавме премал посед на топката и нешто мора да се промени против таквите репрезентации“- коментираше Де Брајн.

Белгија водеше против Мексико два пати, а потоа бркаше реми кое на крај беше најреален исход од тој натпревар.