Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Кевин де Брајн во изјава за медиумите пред градското дерби со Јунајтед го коментираше неговиот однос со Мурињо додека и двајцата беа во Челси.
Де Брајн во 2012 година пристигна во ЧЕлси од Генк, но не се снајде најдобро па на крајот забележа само три настапи во Премиер лигата за „Сините“.
Белгиецот потоа замина во Волфсбург каде ги покажа сите свои квалитети и од каде се пресели во Манчестер Сити.
„Не бевме блиски. Јас навистина не сум некој кој многу разговара со тренерите. Сметам дека ако тренерот сака да зборува со вас тој тоа ќе го стори. Тој е шеф. Вие може да бидете во добри односи, но меѓу тренерот и играчот треба да постои дистанца. Со Мурињо зборував само два пати, кога сакав да одам во Дортмунд во летниот преоден рок, додека на вториот разговор ми кажа дека за мене подобро е да заминам доколку сакам да играм фудбал“ –коментираше Де Брајн.
Офанзивниот фудбалер не погреши кога го напушти Челси и се пресели во Волфсбург во 2014 година. Истата сезона Белгиецот беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата.