Де Геа доби понуда од соништата која е невозможно да се одбие, во прашање не е Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долгогодишната желба на Реал Мадрид, Давид Де Геа како што пренесуваат медиумите на Островот е пред продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед.

„Тајмс“ пренесува дека Де Геа е многу блиску до потпишување нов договор со кој ќе се обврзи на повеќегодишен престој на „Олд Трафорд“. Според новиот договор Шпанецот ќе заработува 220.000 фунти неделна плата што би го направило најплатен голман на светот.

Важечкиот договор на Де Геа истекува во јуни 2019 година, но од клубот ќе сторат се да го задржат во своите редови што подолго.