Де Роси: Веднаш би потпишал Рома да го освои скудетото, а Јуве Лигата на шампионите


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец и член на Рома, Даниеле Де Роси истакна дека би сакал Џиџи Буфон да ја освои Лигата на шампионите во својата последна натпреварувачка сезона.

Екипата на Јувентус во осминафиналето ќе игра против Тотенхем, а за Буфон ова ќе биде последна можност да стигне до најблескавиот клупски трофеј.

Де Роси сепак порача дека нема да навива неговиот Јувентус да го освои ова натпреварување се додека и Рома е во трка за истото. Римјаните во осминафиналето играат против тимот на Шахтјор.

„Мислам дека ова е последна сезона за буфон и сметам дека заслужи да ја заврши кариерата со трофејот од Лигата на шампионите. Но, се додека ние се бориме во Лигата на шампионите нема да навивам за Јувентус. Ако ми понудат опција Рома да го освои Скудетото, а Јуве Лигата на шампионите на тоа веднаш би се согласил“ –коментираше Де Роси.