Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Даниеле Де Роси не штедеше пофални зборови и само во суперлатив зборуваше за Златан Ибрахимовиќ, иконата на шведскиот фудбал.
Имено, Италија пласманот на Светското првенство во Русија ќе го брка во двомеч токму против Шведска. Првиот натпревар се игра во Стокхолм, а Де Роси истакнува дека Италијанците и пред почетокот на натпреварите се во предност.
„Фактот што Шведска го нема Златан Ибрахимовиќ во својот тим е предност за секој противник. Дури и да има 40 години и скршена нога, не би сакал да ми биде противник и да игра против мене. Така што секако подобро за нас е што тој не е дел од репрезентацијата на Шведска“- коментираше Де Роси.