Де Роси ќе и каже збогум на „Римската Волчица“: Очекува трансфер на клупата до Гвардиола…?!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Изгледа дека разделбата на капитенот и Рома е готова работа, а Де Роси има нови планови, во Англија.

Изгледа дека Даниеле Де Роси размислува за заминување од Рома.

Имено, потврдени се информациите дека има проблем со повредите, и дека му е доста и сака ново искуство. Де Роси кој целата кариера ја мина во Рим како што се наведува има план да се повлече и да се насочи на тренерската професија.

Пред неколку дена неговата сопруга проговори за желбата на капитенот на Римјаните да замине во странство, а медиумите велат дека Серџо Берти кој е менаџер и на Коларов ги повлекол чекорите да го оствари сонот на Де Роси.

Тој по 18 години и 450 дуели за Рома, од копачки веднаш седна на клупата, и тоа по повикот на неговиот пријател Пеп Гвардиола. Де Роси би бил тренер во младите категории на Сити, а би го крадел занаетот од Пеп и би се подготвувал за тренерската кариера меѓу сениорите.