„Де Хеа е Меси за голманите, но го мрзи да тренира…“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид Де Хеа досега доби многу комплименти, но уште никој не го нарекол „Меси за голманите“, барем до денеска.

Голманот на Ватфорд, Бен Фостер, зборуваше за Де Хеа по дуелот против Манчестер јунајтед, на кој „црвените ѓаволи“ победија, но благодарение на шпанскиот голман кој имаше неколку одлични интервенции.

„Де Хеа е најдобар голман во светот веќе со години. Тој е Меси за голманите, неговите одбрани се фантастични и понекогаш го одземаат здивот. Давид е светска класа благодарение на талентот, но слушнав дека го мрзи да тренира“, кажа Фостер.

Де Хеа за Манчестер јунајтед брани седум години, а претходно беше член на Атлетико Мадрид.