Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Давид Де Хеа решил да не го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, па се очекува негово заминување од клубот во јануари.
За услугите на Шпанецот се заинтересирани два клуба, Јувентус и ПСЖ, но Италијанците не сакаат да го ангажираат уште сега, туку планираат да го направат тоа по завршувањето на неговиот договор.
Сепак, тоа не му одговара на Манчестер јунајтед, па најверојатно ќе се обиде да се договори со ПСЖ, кој би можел да плати дури 90 милиони евра за услугите на Шпанецот.
Исто така, се споменува дека Де Хеа ќе потпише четиригодишен договор со ПСЖ, но не е позната платата која ќе ја добива, иако сигурно ќе биде огромна.
Инаку, Шпанецот не сака да го продолжи договорот со Јунајтед поради тоа што клубот не настапува како што се очекува и најверојатно нема да се бори за ниту еден трофеј.