Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала смета дека Жозе Мурињо претерал со гестот на крајот на натпреварот помеѓу неговиот тим и Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед славеше голема победа во Торино (1:2), а Мурињо на крајот со еден гест ги разбесни сите навивачи на клубот од Торино.
„Немаше потреба да се прави поголема напнатост, таа и така беше присутна. Јас не го навредив, едноставно му реков дека нема потреба за такви работи и дека тој гест не му беше потребен“- коментираше Дибала.