Диего Коста конечно се врати во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

После нешто повеќе од три месеци, Диего Коста, конечно се врати во претстолнината на Англија и му се приклучи на тимот на Челзи.

Антонио Конте и Коста имаа несогласувања и сите очекуваа напаѓачот да го напушти клубот, но тоа оваа лето не се случи, Диего Коста дури беше натеран да тренира и со резервите на Челзи, што предизвика лавина од реакции кај бразилецот кој се правдаше на јавноста дека не го заслужил таквиот однос.

Како и да е 28 годишниот играч, кој не е пријавен во составот за Лигата на Шампионите, конечно се врати во Лондон и најверојатно ги има прифатено условите од Конте, да тренира со резервниот тим, се до јануари додека не се комплетира неговиот трансфер во атлетико Мадрид.

Навивачите на Челзи не се многу загрижени бидејќи Конте донесе алтернатива во Алваро Мората, но со враќањето на бразилецот во Лондон, можеби сеуште има некоја надеж тој пак да заигра за англискиот шампион, но тоа времето ќе го покаже.