Диего Коста не се појавил на тренингот на Челси


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Диего Коста не се појавил на денешниот прв тренинг на Челси.

Како што е познато Конте уште во јуни му посочил на Коста дека не смета на него за следната сезона и покрај тоа што шпанскиот репрезентативец постигна 20 погодоци за клубот од Лондон минатата сезона.

Атлетико Мадрид е главен фаворит за потписот на Диего Коста, но доколку се реализира ваквиот трансфер напаѓачот ќе мора да седи вон стројот до јануари затоа што клубот од главниот град на Шпанија има забрана за регистрирање на играчи во следните шест месеци.