Диего Коста ќе стане најплатен фудбалер на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на Челси, Диего Коста наскоро треба да потпише нов договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Неговиот сегашен договор со Сините му истекува во јуни 2019. година и по него заработува 150,000 фунти неделно, а британските медиуми пишуваат дека Челси сака да го задржи подолго.

Поради тоа, луѓето од клубот веќе подготвија нов договор за Коста, кој по потпишувањето на договоро ќе стане најплатен играч на лондонскиот клуб со неделна плата од 200,00 фунти.

Диего Коста се чувствува добро во Челси и веројатно нема да одложува да го продолжи договорот, па ќе го потпише наскоро.