Димакопулос блиску до договор со Партизан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Грчкиот центар Јанис Димакопулос веќе пристигна во Белград и откако ќе ги помине медицинските прегледи се очекува да стави потпис на неколкугодишен договор со Партизан.

 

По четири сезони поминати на американскиот колеџ UC Irvine, Димакопулос конечно ќе го потпише својот прв професионален договор и тоа со белградскиот тим Партизан. Изборот падна токму на белградскиот тим бидејќи “црно-белите” се познати по одгледувањето на кошаркарски таленти.

Димакопулос ги помина сите младински категории во грчката репрезентација а вреди и да се напомене дека тој е висок 218 центиметри и е одличен шутер на тројки, што е крајно нетипично за играч со таа висина.

 

Играчот е во Србија веќе некое време и во последната недела тој беше на проби со тимот на Партизан.