Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски брани стандардно за шпански Рајо Валјекано, па со неговите солидни настапи привлече интерес и од неколку поголеми тимови, меѓу кои е и Валенсија.
Шпанските медиуми пишуваат дека Валенсија ќе се обиде да го купи Димитриевски на крајот на сезоната, иако тој има договор до 2021 година со Рајо, но македонскиот репрезентативец вели дека мислите му се во сегашниот тим и борбата за опстанок.
„Мило ми е поради интересот на Валенсија, но морам да признаам дека мислите ми се насочени кон обезбедување опстанок во Ла Лига. А, откако ќе го направиме тоа, тогаш ќе видиме што ќе се случи со мене“, објаснува Димитриевски.
Рајо го очекува тешка борба до крајот на сезоната за опстанок, но тие се надеваат дека ќе останат во Ла Лига, а доколку продолжи вака Димитриевски, тогаш дефинитивно ќе направи голем трансфер, па можеби од наредната сезона ќе го гледаме меѓу стативите на Валенсија.