Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот Динамо Загреб има одлична полусезона зад себе затоа што се убедливи лидери во шампионатот на Хрватска, а на фуриозен начин се пласираа во елиминационата фаза од Лигата на Европа.
Во медиумите во Хрватска се шпекулира дека на „Максимир“ ќе пристигне големо засилување од редовите на Јувентус. Наводно во Загреб на шест месеци ќе се врати Марко Пјаца кој во моментов е член на Фиорентина исто така како позајмен фудбалер од Јувентус.
Сепак, талентираниот хрватски фудбалер не се изнаигра во Фиренца па би можел да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Динамо Загреб во јануари би можел да остане без Дани Олмо за кого има сериозен интерес од Ла Лига, а токму Пјаца би бил идеална замена за младиот шпански интернационалец.