Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Динамо Киев губеше со 1:0 на домашен терен по првите 45 минути од албанскиот претставник во ЛЕ, Скендербегу кој со погодокот на Музака настапија на европската сцена. Сепак во второто полувреме тимот од Киев се врати доста посилен, и уште во првите 5 минути игра дојдоа до пресврт и целосна промена на текот на натпреварот.
Најпрвин Сдорчук стрелаше за изедначување, а до водство Динамо го доведе Мораеш. Во 65тата беше досуден пенал за Динамо од каде што прецизно погоди Мбокани за конечни 3:1.
Партизан им зеде бод на Јонг Бојс, а најмногу благодарен за тоа е голманот Стојковиќ кој вечерва се покажа во најдобро светло.
Партизан поведе после 10 минути игра со погодокот на Јанковиќ, но Јонг Бојс брзо возврати со погодок на Фашант во 14тата минута. Во второто полувреме гледавме мирен натпревар со неколку одлични интервенции на Стојковиќ