Дирк, добредојде во елитниот клуб 30.000 – Вечер полна со емоции, солзи, радости и едно пиво


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Тешко може да се опише колку Дирк Новицки му значи на Далас поради тоа се што направи за нив во последните 19 години. Многу сеќавања, спомени, освоен шампионски прстен и љубов која не познава граници.

Секогаш Диркенштајн имаше посебно место во срцата на навивачите на Мавс. Дирк, легендо добредојде во елитниот клуб 30.000.

Истото до неодамна го правеа Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чемберлејн. А од минатата сезона беа отворени вратите и на Дирк. Првиот странски кошаркар, шести во историјата на НБА лигата со 30.000 поени во кариерата.

И тоа се во победата против Лос Анџелес Лејкерс. Во вечерта полна со емоции, солзи радосници на шутерскиот тренер на Дирк, Холгер Гешвиндер, но и радост на целата Американ Ерлајнс Арена.

Новицки во текот на натпреварот доби честитки со видео од Леброн Џејмс кој исто така е во потера за влегување во големото друштво.

Дирк она што го направи тешко дека некој од Европа ќе го повтори тоа. И засекогаш ќе остане во големото друштво.

Сите јубилејни поени ги постигна на својот препознатлив начин. Со скок наназад и шут преку противничката рака, познатиот фејд-авеј шут. Бараните 20 поени ги постигна за нешто повеќе од една четвртина, а на крајот го заврши натпреварот со 25 поени.