Ди Мариа побарал да биде продаден во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Анхел Ди Мариа побарал од тренерот на ПСЖ, Унаи Емери да го пушти да си замине од клубот со цел да направи трансфер во редовите на Барселона.

Аргентинецот беше поврзуван со трансфер во редовите на Каталонскиот гигант откако Нејмар се пресели во ПСЖ токму од Барселона.

Играчот е подготвен да се пресели во Барселона и наводно барал одобрение од Емери за да се пресели на „Камп Ноу“.

Според медиумите во Шпанија и Франција, од ПСЖ досега одбиле две понуди од Барселона за услугите на поранешниот член на Реал Мадрид.