До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер и некогашен член на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед призна дека бил на чекор од трансфер во редовите на Барселона.
Аргентинецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Барселона откако Нејмар пристигна на „Паркот на принцовите“ за 222 милиони евра.
„Бев многу блиску до трансфер во Барселона,но едноставно не се случи“-коментираше Ди Мариа и се осврна на вечната расправа за тоа кој е подобра, Роналдо или Меси.
„Меси секогаш е најдобар, така е секоја година. Роналдо исто така е посебен играч, но Меси е од друга планета. Не постојат зборови со кои би го опишал Меси, тој секогаш ве изненадува“- заклучи Ди Мариа.















