Ди Франческо синоќа порача дека нема да даде оставка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Рома после синоќашниот пораз сам порача дека ни на крај памет не му паѓа да поднесе оставка.

„Било кој коментар да го дадам е сувишен. Не смеевме себе да си допуштиме таков срам. Беше катастрофална игра во сите линии на тимот. Сакам својата анализа да ја направам со ладна глава, не сакам да брзам, бидејќи да бидам искрен не сум најдобро расположен. Вечерашниот натпревар ги потврди прашањата со кои имавме проблеми низ целата сезона“.

„Што и да било, јас не сакам да дадам оставка. Тоа никогаш не помина низ моите мисли. Мислам дека мојот голман не направи ниту една одбрана, а примивме седум голови. До сега имавме една од најдобрите одбрани во лигата. За жал, тактиката не е ни важна доколку не се поклопи со останатите елементи. Се што можеме да направиме е да се извиниме на нашите навивачи. Тешко ми е да објаснам што се случи. Навистина беше срамно“.