Договор има – Реал Мадрид добива нов галактикос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека нападот на Реал Мадрид ќе се промени кога ќе се укине санкцијата за регистрирање на нови фудбалери, а тоа ќе се случи на лето.

Пауло Дибала е следниот галактикос на Реал Мадрид, пренесе Мундо Депортиво.

Аргентинецот е на раскрсница помеѓу Реал и Барселона, а сега стигна одговор на тоа прашање.

Дибала изјави дека сака да се пресели во Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона, а тоа Перез го пречека со раширени раце.

Напаѓачот ќе го продолжи договорот со Јувентус до 2020-та година, но тоа нема да биде проблем овој трансфер да се реализира.

Цената ќе биде висока, но тоа за кралскиот клуб нема да биде проблем. Вредност на Дибала на пазарот е 45 милиони евра, а во Реал нема да замине за под 80.