„Додека Меси и Роналдо се во форма, Нејмар ќе биде на трето место“


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Роберто Карлос вели дека Нејмар нема да ја освои „Златната топка“ зашто Меси и Роналдо се голема конкуренција.

Меси и Роналдо по пет пати ја освоија оваа награда додека Нејмар два пати беше трет во изборот за најдобар фудбалер во светот.

„Мислам дека направи вистински потег со трансферот во ПСЖ. За да стане најдобар на светот мораше да ја напушти Барселона зашто таму е Меси. Нејмар мора да биде свесен дека додека Меси и Роналдо се во форма, тој ќе мора да се задоволи со трето место“, вели Карлос.