Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челниците на Ла Лига одлучија во иднина неколку натпревари од првенството да ги одиграт во САД што не им се допаднало на повеќето клубови.
Ла Лига веќе за јануари следната година го закажала натпреварот меѓу Браселона и Џирона во Америка откако каталонските клубови прифатиле да заминат на долго патување.
Остатокот од клубовите бил одлучно против оваа идеја, но од Ла Лига порачале дека речиси секој клуб во иднина ќе одигра барем еден натпревар на територија на САД.
Сепак, плановите на челниците на шпанската лига би можеле лесно да паднат во вода бидејќи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, воопшто не му се допаднала идејата шпанските клубови натпреварите од првенството да ги играат во Америка.
Фифа мора да ја одобри одлуката на Ла Лига, но се чини дека во блиска иднина тоа тешко дека ќе се случи.
,,Повеќе би сакал да гледам добар натпревар на МЛС во САД отколку натпревар на Ла Лига. Фудбалот е спорт во кој домашните натпревари се играат на свој терен, а не во некоја странска држава. Околу сето ова постои процедура и не е одобрено барањето на Ла Лига”- порача Инфантино.
Да ве потсетиме, натпреварот меѓу Џирона и Барселона кој треба да се одигра на 26ти јануари следната година, планиран е да се игра во Мајами.