Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За неколку месеци ќе се додели „Златната топка“, а љубителите на фудбалот знаат дека за наградата ќе се борат Меси и Роналдо.
Во последните 10 години доделувањето на „Златната топка“ не е многу интересна.
Интересот го „убија“ Меси и Роналдо кои заедно 8 пати ја освојуваа оваа награда.
За да биде уште полоша работата однапред се знае кој ќе се бори за наградата додека 3-то место ќе биде играчот кој е свесен дека не може да ја освои наградата.
Сепак, некогаш оваа награда беше голем хит бидејќи се знаеше дека конкуренцијата е неверојатно голема.
Во 1998 година имаше одлични 10 играчи во борба за неа, а еве ја листата:
- Марсел Десаи(Челси)
Францускиот одбранбен играч играше одлично на СП во 1998 година во Франција. Исто така, тој играч играше добро во Челси кој тогаш и не беше во врвот на англискиот фудбал. Тој беше последен на листата со 17 освоени гласови.
- Едгар Давидс(Јувентус)
Давидс по многу работи остана запаметен во фудбалот. Тој беше одличен дефанзивен играч за врска, а играше одлично во Јувентус.
Одлична улога одигра во Холандија која тогаш беше една од најдобрите селекции во светот. Давидс беше 9-ти со 28 бодови.
- Денис Бергкамп(Арсенал)
Легендарниот играч на Арсенал скоро цела кариера ја помина во тој тим.
Тој доби статус на легенда во тимот, а во 1998 година покажа дека неговото време допрва доаѓа. Тој на крајот заврши како 8-ми најдобар играч со 28 бодови.
- Лилиан Турам(Парма)
Турам исто така е еден од играчите кои играа одлично на СП во 1998 година. Тој беше тогаш член на Парма, но со одличните игри заврши во Јуве со кој освои многу титули.
Тој беше 7-ми на листата со 36 освоени бодови.
- Габриел Батистута(Фиорентина)
Тој е напаѓач кој сите го сакаа. Тој остави дамка играјќи за Фиорентина, а во 1998 година беше можеби и најдобар. Голема чест за него беше да конкурира за оваа награда, а на крајот заврши на 6-то место со 43 бодови.
- Ривалдо(Барселона)
Бразилецот таа година дојде во Барселона и веднаш остави длабока трага во тимот.
Тој играше одлично на СП во Франција и на крајот беше 5-ти во светот со 45 бодови.
- Мајкл Овен(Ливерпул)
Неверојатниот 18-годишен напаѓач на Ливерпул беше хит во 1998 година.
Со своите игри во Ливерпул, но и во Англија маѓепса многу љубители на фудбалот.
Тогаш се веруваше дека Овен ќе направи голема кариера, но за жал не успеа во тоа.
Овен во 1998 година беше 4-ти со 51 бод.
- Роналдо(Интер)
И дојдовме до топ 3, а на 3-то место е легендарниот Роналдо.
Бразил во летото 1998 година изгуби во финалето од Франција и најверојатно тоа одлучи тој да не ја освои наградата.
Тој беше 3-ти со 66 бодови.
- Давор Шукер(Реал Мадрид)
Легендарниот играч на Хрватска во 1998 година успеа да дојде во врвот на најдобри фудбалери.
Шукер играше одлично во Реал, а со Хрватска го освои 3-то место на СП.
Напаѓачот на Хрватска таа година беше најдобар стрелец на СП.
Шукер беше 2-ор со 68 бодови.
- Зидан(Јувентус)
Сосема заслужено Зидан ја освои „Златната топка“ во 1998 година.
Тоа беше дуел на Зидан и Роналдо, а францускиот играч беше подобар во финалето, но и 6 месеци подоцна на доделувањето на наградата.
Зидан заврши убедливо прв на оваа листа со 244 бодови.