Дождот ги ограничи возачите на „Филип Ајленд“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    2-от тренинг во кралската класа пред ГН Австралија, 16-та трка, траеше многу кратко поради лошото време. По одложувањето од половина час, само 6 возачи влегоа на патеката пред акцијата повторно да биде прекината.

    Најбрзо време во лошите услови имаше Барбера, кој во Дукати го менува Јаноне, од 1:51.958.

    Повеќе од 2 секунди зад него беше Мајк Џонс додека трет беше Рабат.

    На патеката возеше уште и Петручи, Еспаргаро и Роси.

    На Роси му беа избришани сите времиња во текот на првиот тренинг бидејќи користел посебни пневматици подолго од дозволеното.

    3-от тренинг се вози во сабота од 1.55 додека 4-от е закажан за 5.30, а потоа следат квалификациите. Трката се вози во недела во 7 часот.